Капитенот ја призна грешката: Тадиќ им се извинил на Пикси и соиграчите!

329

Се чини дека бурата во српската репрезентација стивнува. Имено како што денеска објавија од ФСС, капитенот Душан Тадиќ ја признал својата грешка и им се извинил на селекторот Драган Стојковиќ Пикси и на своите соиграчи.

Да потсетиме дека по мечот со Англија, на кој Србија беше поразена со 0:1, Тадиќ не криеше дека беше лут зошто не бепе стартер и имаше непримерен коментар.

По ова работата отиде дотаму да и Пикси беше вџашен од реакцијата на капитенот, сепак како што рековме денеска работите се смириле.

Навистина никогаш не е здодевно во репрезентацијата на Србија.

ПретходноЃорѓи Мојсов: На Исланѓаните нема да им биде лесно со Тиквеш!
СледноЈетон Беќири: Ни се падна силен противник, има таму тројца екс – играчи на Вардар!