Консеисао со деби гол во 92. минута им донесе победа на Португалците

804

Репрезентациите на Португалија и Чешка одиграа 1:1 на првиот меч од групата Ф на Европското фудбалско првенство во Германија. Во Лајпциг, Португалците можеа да стигнат до трите бода но ВАР им ја скрати радоста и им го поништи победничкиот гол поради офсајд.
Во првото полувреме немаше голови. На почетокот на второто полувреме Чесите поведоа со гол на Провод (ГОЛОТ НА ОВОЈ ЛИНК).
Но шест минути подоцна Португалците изедначија. Гужва во шеснаесетникот, топката го погоди Робин Хранач и се одби во мрежата за 1:1 (ГОЛОТ НА ОВОЈ ЛИНК).

Во 87 минута Жота ја погоди мрежата, но Роналдо пред тоа беше во офсајд – ВАР го поништи голот на Португалците.
Сепак, во 92 минута се беше чисто. Младиот Франциско Консеисао се најде на вистинското место по грешка на еден дефанзивец на Чесите и успеа да погоди (ГОЛОТ НА ОВОЈ ЛИНК). Португалија стартуваше со победа.

ПретходноУсеини го смени клубот во Косово
СледноРеал има 13 играчи на ЕУРО, Анчелоти само на еден од нив му испраќа пораки