Ла Лига: Мбапе дебитира против Мајорка, Столе на дебито за Валенсија против Барса

138

Килијан Мбапе би можел да дебитира за Реал Мадрид против Мајорка викендот од 17 до 18 август. Ова стана јасно по денешната ждрепка за новата сезона во Ла Лига.

Француската суперѕвезда може да дебитира и претходно, на 14 август против Аталанта во натпреварот од Суперкупот на Европа.

Големиот ривал на Реал, Барселона ја започнува својата сезона против Валенсија на гости. Тоа ќе биде прв меч и на нашиот Столе Димитриевски на голот на Валенсија, но и првиот натпревар на новиот тренер на Барселона, Ханси Флик.

Многу очекуваните „Ел Класико“ пресметки меѓу Реал Мадрид и Барселона ќе се одиграат кон крајот на октомври и средината на мај.

ПретходноЕвропското заврши и за хрватскиот репрезентативец Влашиќ
СледноЛК – 1.квалификациско коло: Тиквеш против Бреидаблик, а Шкендија со тим од Ерменија