„Ле Фигаро“: Мбапе ги пропушта Холандија и Полска, во осминафинале ќе игра со маска

246

Францускиот репрезентативен напаѓач Килијан Мбапе ќе ги пропушти преостанатите натпревари од групната фаза на Евро 2024 година, соопшти весникот „Ле Фигаро“.

Капитенот на „триколорите“, кој го скрши носот на натпреварот од првото коло против Австрија (1:0), нема да оди на операција.

Тој ќе ги пропушти натпреварите против Холандија и Полска, а потоа доколку Франција влезе во плеј-офот ќе игра со маска.

ПретходноРамос остана без клуб, има неколку опции!
СледноМакедонија во група со Словенија и домаќинот Црна Гора