ЛК – 1.квалификациско коло: Тиквеш против Бреидаблик, а Шкендија со тим од Ерменија

333

Попладнево во Нион се одржа ждрепката и за 1.квалификациско коло во Лигата на Конференции. Тиквеш за ривал го доби тимот на Бреидаблик од Исланд, а Шкендија ќе игра двомеч со Ноах од Ерменија.

Веднаш да кажеме дека кавадарчани го добија тимот од Исланд кој лани го елиминираше составот на Струга ТЛ во плеј – офот во ЛК.

Ова се незгодни ривали и за двата наши претставници, но сепак се надеваме дека Тиквеш и Шкендија ќе можат да ги минат овие први пречки во квалификациите во Лигата на Конференции.May be a graphic of text

Првите мечеви се играат на 11 јули, додека реваншите седум дена подоцна.

Тиквеш прво ќе биде домаќин, а Шкендија својот прв меч ќе го игра во Ерменија.

ПретходноЛа Лига: Мбапе дебитира против Мајорка, Столе на дебито за Валенсија против Барса
СледноДодека чека да оди на Олимпијада, Јокиќ „лупа“ баскет со другарите (ВИДЕО)