ЛШ – 1.квалификациско коло: Струга ТЛ за противник го доби Слован од Словачка!

484

Денешна ждрепка во Нион за 1.квалификациско коло во Лигата на Шампионите за сезоната 2024/25, сакаше Струга Трим Лум за противник да го добие тимот на Слован од Словачка.

Се разбира дека ова е силен ривал, но нашиот шампион ќе стори се што е во своите можности да ја мине оваа прва пречка во овие квалификации во ЛШ. Ако не успее во тоа тогаш ќе игра во 2.квалификациско коло во Лигата на Конференции.May be an image of football and text

Мечевите со Слован нашиот шампион ќе ги игра на 9/10 и 16/17 јули, прво на гости, а потоа на реваншот ќе боде домаќин.

ПретходноВардарки со пехарот во кадетска конкуренција, МВП признанието за Пислевска
СледноЌатип Османи: Слован е силен тим, сепак и ние си имаме свои амбиции!