Младите одбојкарки вечерва против Албанија почнуваат со настапи на БП 2024

94

Женската кадетска одбојкарска репрезентација на Македонија вечерва во Тирана ги започнува настапите на Балканското првенство за играчи до 18 години. Генерацијата предводена од селекторот Александар Митев е пред нов предизвик за докажување, откако учествуваше и на европските квалификации оваа зима.

Нашите кадетки денеска во првото коло ќе се сретнат со домаќинот на првенството, селекцијата на Албанија, а во нашата група се и селекциите на Бугарија и Романија. Јасно е дека ова е исклучително силна конкуренција, но нашите девојки ќе се обидат да покажат дека полека созреваат на европската сцена.

Првиот меч вечерва е закажан од 20.30 часот.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ:

Вторник , 18 јуни

Србија – Црна Гора (13ч.)

Бугарија – Романија (15.30 ч.)

Турција – Молдавија (18ч.)

Албанија – Македонија (20.30 ч.)

Среда, 19 јуни

Турција – Србија (13 ч.)

Македонија – Романија (15.30 ч.)

Молдавија – Црна Гора (18ч.)

Албанија – Бугарија (20.30 ч.)

Четврток, 20 јуни

Црна Гора – Турција (13 ч.)

Бугарија – Македонија (15.30 ч.)

Србија – Молдавија (18ч.)

Романија – Албанија (20.30 ч.)

ПретходноЌатип Османи: Слован е силен тим, сепак и ние си имаме свои амбиции!
СледноШишковски си замина од Арарат