Српскиот тениски ас, Новак Ѓоковиќ ќе игра на Олимписките игри во Париз, ова го потврди Олимпискиот комитет на Србија. Новак моментално се лекува по операцијата на менискусот, а пред неколку денови откри дека почнал да тренира.
По потврдата за настап на ОИ, се очекува и одлука за учество на Вимблдон, кој му претходи на олимпискиот турнир.
Инаку, олимпискиот турнир во тенис ќе се игра на терените на Ролан Гарос.