Продолжуваат заминувањата на фудбалери од редовите на ФК Вардар. Клубот го напуштија Дарко Глишиќ, Кеба Кебел Сусо и сега Марјан Ристовски-Швајц. Тој одигра 15 натпревари минатата сезона за „црвено-црните“ и беше клучен играч во борбата за опстанок во најсилната македонска лига.
Ристовски дојде во Вардар во јануари од Силекс. Претходно настапуваше за Работнички, Борец и Кожуф.