Партизан со порака до Пантер: Каде и да одиш твојот дом секогаш ќе биде во црно-белиот Белград

224

Партизан и официјално се збогува со еден од најдобрите кошаркари во последните три години, Кевин Пантер. Двете страни не успеале да најдат заедничко решение за продолжување на соработката.

Пантер на својата адреса веќе има понуди, засега се споменуваат Макаби и Барселона.

„После три незаборавни сезони, Кевин Пантер летово заминува од Партизан. Поранешниот капитен на црно-белите и клубот постигнаа договор врз основа на кој ќе се разделат. Еден од најомилените играчи на Партизан во последните три години засекогаш ќе остане дел од црно-белото семејство. „Кеп“, каде и да одиш твојот дом секогаш ќе биде во црно-белиот Белград“, стои во прошталната порака на КК Партизан.

ПретходноСкандал во Украина: Лунин и Зинченко го избркале селекторот од соблекувалната
СледноУЕФА отвори истрага против Србија: Мајмунските крици се само една од причините!