Рамос остана без клуб, има неколку опции!

381

Серхио Рамос минатата година одби профитабилни понуди од Саудиска Арабија и МЛС за да ја продолжи кариерата во Севиља, клубот во кој ја започна својата блескава кариера пред 20 години. Вчера беше потврдено дека го напушта клубот, а шпанските медиуми ги анализираа опциите кои трофејниот стопер ги има пред себе.

Во моментов нема официјални понуди, а кога ќе пристигнат Рамос во разговор со семејството ќе донесе одлука која треба да биде најдобра за сите. Свесен е дека на 38 години веројатно го потпишува последниот договор во кариерата и дека ќе потпише на една или најмногу две сезони.

Саудиска Арабија и МЛС повторно се издвојуваат како дестинации каде што неговата заработка би можела да биде најголема и од каде веќе добил понуди. Ги одбил затоа што сакал да се врати во Севиља. Ново заминување значи нов избор, а покрај овие две дестинации шпанските медиуми нудат и други опции. Се наведува дека не треба да се исклучи неговото доаѓање во Турција, па дури и во Јапонија, каде што на крајот од кариерата заминаа шпански великани како Андрес Иниеста и Давид Виља.

ПретходноБарселона ја одбила милионската понуда на Јунајтед
Следно„Ле Фигаро“: Мбапе ги пропушта Холандија и Полска, во осминафинале ќе игра со маска