Скандал во Украина: Лунин и Зинченко го избркале селекторот од соблекувалната

6502

Романија неочекувано славеше против Украина со 3-0 и на најдобар начин го отвори Европското првенство. Покрај добриот напад во редовите на победникот одлично функционираше и одбраната. Украинците по мечот беа во очај, а сето тоа резултирало со скнадал во соблекувалната.

Новинарите на Билд откриваат дека имало жежок состанок на кој не присуствувал селекторот, Сергеј Ребров, бидејќи голманот Андриј Лунин и играчот на Арсенал Олександер Зинченко го исфрлиле од соблекувалната. Тие сметале дека тој не треба да присуствува на состанокот, а потоа почнала голема кавга.

А Сергеј Ребров беше директен на прес-конференцијата и не се двоумеше да каже дека играчите се виновни за поразот. Селекторот јасно стави до знаење дека неговите ѕвезди не дале се за да ја победат Романија.

„Ние ја претставуваме Украина на овој турнир, тоа е важен момент за целата нација. Играчите добиваа пораки од воини, од војници во минатото. Секој играч треба да го даде најдоброто од себе. Ако не го направат, ќе биде тешко. 

Не е важно кој е фаворит.Она што го претставувате е вашето лице. Не е важно дали беше вчера или минатата година. Денеска не се искачивме на нашето ниво, мора сериозно да се подготвиме за претстојниот натпревар.

Сигурен сум дека играчите се извинуваат, дека им е жал. Им кажав дека претставуваат голема и силна земја која повеќе од две години се бори за нашата слобода, за сите нас. Денеска не се снајдов најдобро, изгубив. Затоа се извинувам. Мораме да да се подготвиме за следниот натпревар, против Словачка. Да ја покажеме другата страна на Украина“, рече Ребров на прес-конференцијата.

ПретходноДенеска Струга ТЛ, Тиквеш и Шкендија ги добиваат ривалите за 1.квалификациско коло во ЛШ и ЛК!
СледноПартизан со порака до Пантер: Каде и да одиш твојот дом секогаш ќе биде во црно-белиот Белград