Херојот на Романија на првиот меч на Евро 2024 во победата против Украина (3:0), капитенот Николае Станчу, постави уникатен рекорд.
Станчу стана првиот играч кој постигнал гол на ЕП додека настапува за клуб од Саудиска Арабија. Романецот е играч на саудиски Дамак.
Претходно беше објавено дека Николае Станчу е прогласен и за најдобар играч на натпреварот Украина-Романија.