Цела ноќ чекаа пред болница, стигнаа првите информации за Мбапе

1453

Килијан Мбапе нема да мора да оди на операција откако го скрши носот против Австрија, дуел кој неговата Франција го доби со 1-0. 25-годишниот напаѓач се повреди во дуелот со Кевин Данс и мораше да ја напушти играта пред крајот на натпреварот. Иако првичните прогнози сугерираа дека тој е под знак прашалник за остатокот од турнирот, вестите од Франција велат дека е можно, иако постојат мали шанси, тој да се појави уште на натпреварот во петок против Холандија.

Ова го пишува RMC Sport и додава дека Мбапе бил на преглед во болница во Дизелдорф и било потврдено дека не му е потребна операција. Мбапе ќе се врати на последниот меч од групната фаза против Полска следниот вторник.

Француските новинарите цела вечер чекаа пред болница за да ги добијат првите информации.

„Резултатите од првите прегледи на Килијан Мбапе во болницата во Дизелдорф во понеделникот вечерта открија дека тој нема да оди на операција. Иако на натпреварот против Австрија (1:0) доживеа силен удар во лицето, лекарските информации се оптимистички дури може да биде на теренот во петок против Холандија, за што ќе одлучи стручниот штаб“, напиша Л’Екип. 

Тој ќе настапи со заштитна маска на лицето, ова го најави откако им се обрати на своите фанови на X (поранешен Твитер): „Идеи за маска? ги праша своите следбеници. Неговата порака беше објавена непосредно пред 01:30 часот, а до 7 часот по полноќ собра речиси 13 милиони прегледи.

ПретходноБостон ги „прегази“ Далас и Дончиќ за рекордна 18-титула (ВИДЕО)
СледноДончиќ покажа зошто е шамион: Сакаа да го нападнат Ирвинг, Словенецот имаше вистински одговор!