Македонскиот репрезентативен голман, Дамјан Шишковски, по една полусезона мината во Ерменија го напушти тимот на Арарат. Шишковски дојде во Арарат оваа зима од екипата на Докса како слободен фудбалер, но очигледно ова лето ќе побара нова средина.
„Заминувам од Арарат и чекам нов предизвик. Имам неколку опции, па останува да видам која ќе биде најдобрата за мене“, изјави за „СпортСпорт“, нашиот репрезентативец.
29-годишниот поренешен голман на Работнички, во својата интернационална кариера бранеше за Гент, Лахти, РоПС, Докса и ерменски Арарат.