Ќатип Османи: Слован е силен тим, сепак и ние си имаме свои амбиции!

518

Се чини дека нашиот шампион немаше среќа на денешната ждрепа во Нион за 1.квалификациско коло во Лигата на Шампионите. Струга ТЛ за протовник го доби Слован Братислава од Словачка, се чини најтешкиот противник што можеше да го добие.

Првата реакција од Струга ТЛ за “СпортСпорт“ за ривалот ја има Ќатип Османи, стратегот на шампионот:May be an image of 2 people, people playing football, people playing soccer and text

Може да се каже дека добивме исклучително квалитетен противник. Зарем треба да се детализира за тоа што значи Слован за фудбалот во Словачка. Сепак и ние си имаме свои амбиции. Струга ТЛ исто така има квалитетен тим, имаме намера добро да се подготвиме, да одиграме најдобро што можеме и да се обидеме да ја минеме оваа пречка. Јас како и секогаш и сега сум оптимист, реков дека против себе имаме силен ривал, но верувам во нашиот тим, во нашите играчи, воопшто во нашиот клуб“ истакна Османи кој ја однесе Шкендија во два наврати во плеј – офот во Лигата на Европа

ПретходноЛШ – 1.квалификациско коло: Струга ТЛ за противник го доби Слован од Словачка!
СледноМладите одбојкарки вечерва против Албанија почнуваат со настапи на БП 2024