Францускиот репрезентативен напаѓач Килијан Мбапе ќе ги пропушти преостанатите натпревари од групната фаза на Евро 2024 година, соопшти весникот „Ле Фигаро“.
Капитенот на „триколорите“, кој го скрши носот на натпреварот од првото коло против Австрија (1:0), нема да оди на операција.
Тој ќе ги пропушти натпреварите против Холандија и Полска, а потоа доколку Франција влезе во плеј-офот ќе игра со маска.