Турција ја совлада Грузија, за голот на Арда Гулер долго ќе се зборува (видео)

8538

Репрезентацијата на Турција ги впиша првите бодови на ЕП 2024 година откако во
1. коло од групата Ф го совлада дебитантот Грузија со 3:1. Мечот изобилуваше со многу возбудувања, Турците во финишот беа притиснати додека Грузија со серија на шанси пропушти да го впише историскиот прв бод на ЕП.

Во 10 минута по шутот на Ајхан топката заврши во стативата. Во наредната акција одговори Грузија, Анзор Меквабишвили шутираше опасно но одбрани Гунор.
Во 26 минута голчиште на Мерет Мулдур. Фудбалерот на Турција шутира од волеј и ја смести топката во мрежата (ГОЛОТ ТУКА). Во следната минута нов гол за Турција кој беше поништен од страна на ВАР поради офсајд.
Во 32 минута момент за историја на Грузија. Првиот гол на европските шампионати, а за 1:1 на овој меч, го постигна Жорж Микаутадзе (ГОЛОТ ТУКА) по нафрлување на Георги Кочорашвили.

Во вториот дел исто, брзо темпо и шанси. ВО 57 минута, Чаланоглу шутира од слободен удар, но брани Мамардашвили. Во 66 минута – еврогол. Младиот фудбалер на Реал Мадрид, Арда Гулер со „бомба“ од дваесетина метри го погоди подалечниот агол на голот на Мамардашвили (ГОЛОТ ОВДЕ).

Четири минути подоцна Кочорашвили можеше да изедначи, но неговиот шут заврши во пречката. Се играше 87. минута, а грузискиот голман исфрли во корнер по шут со глава на Јусуф Јазичи. Во судиското продолжение Микаутадзе се најде во извонредна шанса и не ја круниса во изедначување, веднаш потоа уште една шанса за Грузија топката заврши во стативата.
Грузијците заедно со голманот тргнаа во напад, а тоа отвори простор за Турците кои развија контра напад, а Актуркоглу ја погоди празната мрежа за конечни 3:1.

Идниот меч на Турција е против Португалија, а Грузија ќе игра со Чешка.

ПретходноКапитенот на У19 репрезентацијата, Величковски ќе игра за Септември Софија
СледноФранција рекордер меѓу европските репрезентации