Репрезентацијата на Србија со пораз го отвори Европското првенство кое се игра во Германија, на стартот беше поразена со 1-0 од еден од главните фаворит за златниот медал, Англија. По мечот во центарот на вниманието се најдоа навивачите на двете репрезентации, а сега веќе и официјално е покренета дисциплинска постапка против фудбалскиот сојуз на Србија.
Причината се мајмунските извици од страна на фановите на нашиот северен сосед упатени кон фудбалерите на Англија. УЕФА има сведок на трибините за ова однесување, исто така српската федерација ќе биде казнета за фрлање на предмети на теренот од страна на фабовите, како и пренесување на провокативни пораки кои се несоодветни за еден спортски настан.
„Етичкиот и дисциплинскиот инспектор на УЕФА ќе спроведе дисциплинска истрага за однесувањето на навивачите“, соопшти ПР на УЕФА.