Македонскиот дефанзивец Мухамед Усеини има нов клуб во Косово. Тетовецот од Приштина се пресели во тимот на Љапи кој заврши втор минатата сезона во косовскиот шампионат зад првакот Балкани.
За Усеини ова е трет клуб во Косово затоа што играше уште и за Гњилане. Пред да отиде во првенството на нашиот северен сосед тој играше за Ренова, албански Фљамунтари, потоа Шкендија и Работнички.