Албанија во 90+5.минута ја шокира Хрватска за конечни 2:2! (ФОТО+ВИДЕО)

407

Хрватска – Албанија 2:2 е епилогот од мечот во Хамбург. Албанија има зошто да жали, не само што до 74.минута имаше 1:0 и што во првиот дел не успеа да искористи неколку зицери, токму во тој период да ја декласира Хрватска. Но може да биде среќна што дојде до бод, ако се знае дека до 90+5.минута губеше со 1:2.

А се започна со шок за Хрватска и тоа уште во 11.минута кога Лаци успеа да го совлада Ливаковиќ за водство од 1:0 за Албанија, се чини дека голманот на Хрватите, Ливаковиќ можеше и мораше да регира подобро. За еуфорија кај нив и се разбира кај нивните фанови. И не само што поведоа, избраниците на селекторот Силвињо играа навистина добро, креираа шанса за шанса, Хрватска беше декласирани играчки пред се и можеше да биде среќна што на пауза се замина само со тие 1:0 за Албанија која пак мораше да жали за сите оние силни неискористени шанси.Image

Во второто полувреме, веројатно откако селекторот Златко Далиќ имаше што да им каже на своите избраници, “коцкестите“ почнаа да играат и тоа како да играат. Албанците беа натерани да се бранат, Модриќ и компанија имаа посед, имаа и шанси, а Албанците од контри се обидуваа да дојдат до вториот гол, но не неуспешно. Но и Хрватите беа неуспешни.

И тогаш дојде таа 74.минута кога Хрватска израмнува на 1:1. Крамариќ најдоборо се снајде пред противничкиот гол. Ова беше и негов родеденски гол ако се знае дека денеска полни 33 години.

Само една минута подоцна Марио Пашалиќ имаше зицер за целосн пресврт, но голманот Стракоша успеа да ја прифати таа топка.

Image

Но затоа во 76.минута сепак гол, сепак пресврт и водство на Хрватска од 2:1 и тоа со автоголот на Ѓасула.

Сега еуфорија кај Хрватите а шок кај Албанците на стадионот во Хамбург.

И тогаш шок за Хрватска во 90+5.минута, Ѓасула стрелаше за конечни 2:2.

Убав, интересен меч кој на крајот заврши со реми.

Сега и двете репрезентации со по еден бод влегуваат во последното коло.

ПретходноСе обложи дека Роналдо ќе биде прв стрелец на ЕУРО 2024, очекува добивка од 840.000 долари!
СледноАлбанците и Хрватите заеднички скандираа: “Убиј го Србинот…“!(ВИДЕО)