Драгарски си замина од Беса

888

Искусниот дефанзивец Христијан Драгарски ги напушти редовите на Беса и ќе си побара нов клуб. Минатата кампања 32-годишникот во клубот кој беше крунисан за шампион на Втората македонска фудбалска лига.
Битолчанецот тргна од Пелистер, од каде се пресели во романска Конкордија. Следеше авантура во српски Радник, во земјава играше за Царев Двор, Пелистер, Победа, Струга и Беса, додека кратко беше и во Теута од Албанија.

Oд Беса исто така објавија дека се разделиле и со Фатмир Ариф кој претходно играше за Кораб и Охрид, а исто така му се заблагодарија и на Мухарам Мислими.

ПретходноФуриозен старт на СП – Јуниорките ги совладаа САД со 17 голови разлика! (ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноЈасир Асани ги има најјаките копачки на ЕП!