Кадетките со победа над Албанија го почнаа Балканското првенство во Тирана

67

Кадетаската одбојкарска репрезентација на Македонија во женска конкуренција со победа ги почна настапите на Балканското првенство во Тирана. Во првиот меч од групната фаза, избраничките на селекторот Атанас Милев со 3:1 славеа против домашната репрезентација на Албанија и покажаа дека полека го стекнуваат потребното интернационално искуство со неколкуте последователни учества на меѓународна сцена.

АЛБАНИЈА – МАКЕДОНИЈА  1:3 (23:25, 20:25, 26:24, 16:25)

Неколки одбојкарки во нашата репрезентација имаа одлично издание на првиот меч на првенството. Најефикасна во нашиот тим беше Ивана Милева која реализираше 19 поени, поен помалку имаше Петровска (18), додека Милевска заврши како трет поентер во нашата репрезентација со 10 реализирани поени.

Денбеска од 15.30 часот во второто коло од групната фаза се среќаваме со Романија, која вчера во првиот меч со Бугарија загуби со 3:0.

ПретходноПантер е нов член на Барса, Кенан од Олимпијакос во Звезда
СледноЛШ – 2.квалификациско коло: Струга ТЛ ако го мине Слован ќе си закаже двомеч со подобриот од Флора – Цеље!