Дешамп призна: Мбапе ќе мора да оди на операција

519
Фото: Équipe de France de Football

Селекторот на Франција, Дидие Дешамп, изјави дека на Килијан Мбапе денеска ќе му бидат извршени дополнителни тестови на скршениот, потврдувајќи дека на напаѓачот ќе му биде потребна операција по Европското првенство во Германија.

По повредата во победата од 1-0 над Австрија, големата ѕвезда на „петлите“ најверојатно ќе пропушти барем еден од следните два меча на тимот против Холандија и Полска.

„Денеска ќе има повеќе прегледи за да се види неговата состојба. Тоа беше сериозен удар. Медицинскиот персонал по прегледите направи се што е потребно за да се намали штетата што е можно повеќе. Иако во моментов нема да има операција, ќе мора подоцна. Утрово беше малку подобар, па ќе видиме како ќе биде. Внимателно ќе го следиме неговиот напредок секој ден“, изјави Дешам за телевизијата на Француската фудбалска федерација.

ПретходноДалиќ: Се уште не гледаат како Пепелешка, но Хрватска…
СледноСкратен списокот со можните ривали на Струга ТЛ, Тиквеш и Шкендија за 2.квалификациско коло во ЛШ и ЛК!