Иако сеуште не се одиграле натпреварите од стартното квалификациско коло во Лигата на Шампионите, познати се и потенцијалните двојки за 2.квалификациско коло.
Па така ако Струга ТЛ успее да го мине Слован Братислава, тогаш во следната фаза од квалификаците противник на нашиот шампион ќе биде подобриот од двомечот од првото коло меу Флора (Естонија) и Цеље (Словенија).
Така сакаше денешната ждрепка во Нион.
Инаку овие мечеви се играат на 23/24 и 30/31 јули.
Во случај на елиминација од Слован, тогаш Струга ТЛ ќе игра во 2.квалификациско коло во Лигата на Конференции во тој “шампионски пат“.