Македонскиот првак ќе се тестира во Добој

93

Позната е дел од агендата на македонскиот првак, Пелистер во рамките на подготовките за новата сезона. Битолскиот тим ќе биде дел од меѓународниот ракометен турнир во Добој.

55. издание на овој традиционален турнир ќе се одржи од 28 август до 1 септември. Покрај Пелистер, учество ќе земе унгарскиот тим на Веспрем, како Слога од БиХ, Ал Ахли од Египет, Татабања од Унгарија, Бешикташ од Турција, Загреб од Хрватска и Војводина од Србија.

 

ПретходноМладинците ја завршија првата фаза од подготовките, следат два теста во Подгорица
СледноТиквеш од утре на подготовки во Охрид, првата контрола е со Струга ТЛ!