Пешиќ во големи проблеми: Лани беше истото со Јокиќ, така прават најдобрите

4380

Селекторот на српската кошаркарска репрезентација, Светислав Пешиќ и ова лето се соочува со бројни откажувања, овој пат за Олимписките Игри во Париз. Иако подготовките не се почнати, сепак искусниот тренер нема да смета на Владимир Лучиќ, а под знак прашалник е Никола Јовиќ, и двајцата нема да настапат поради повреди.

Оваа ситуација за тамошните медиуми ја коментираше Пешиќ.

„Лучиќ, не е ексклузива, не откажа, ама рече дека не може. И што сега? Треба ли да му кажам – мораш? Тој вели: “Па, знам дека морам, но не можам!” Или лани Јокиќ, кој одигра преку сто натпревари, рече: „Сакам, но телото и главата не ми дозволуваат!“ Кога ќе се приклучите на националниот тим, вие ја преземате одговорноста за вашиот индивидуален настап. Второ, преземате одговорност за соиграчите, мора добро да се подготвите, за да можете да ги исполните сите очекувања на соиграчите. И секако, очекувања од тренерот. Ако не си подготвен да го изнесеш, велиш – не можам. Ова го прават најдобрите играчи во светот. Тоа меѓу другите го прави и Јокиќ. Лучиќ рече: Едноставно е, ќе дојдам, но не сум подготвен да го дадам тоа што ти го очекуваш како селектор “ изјави Светислав Пешиќ.

Што се однесува до Јовиќ, тој има повреда која не е сериозна, но сепак бара внимателност, тој ќе оди на нови прегледи, па дури потоа ќе се знае дали ќе може да и помогне на својата репрезентација.

ПретходноИако ќе биде стартер против Италија, Јамал дел од времето на ЕУРО го минува учејќи за завршните тестови
СледноПантер е нов член на Барса, Кенан од Олимпијакос во Звезда