Утре од 15 часот во Минхен, во меч од групата – Ц, се игра мечот меѓу Србија и Словенија. По поразот од Англија, но и по се она што се случуваше со капитенот Душан Тадиќ, селекторот на нашиот северен сосед, Драган Стојковиќ Пикси на денешниот прес и не беше така расположен, посебно кон еден новинар од Словенија.
На прашањето дали е оптимиста, Пикси нервозно му возврати:
„А, зошто не би бил оптимист? Ние утре ќе истрчаме на терен за да ве победиме, дали тоа ви се допаѓало или не“.
На прашањето дали Тадиќ ќе биде меѓу стартерите, Пикси одговори:
„Па, можете да го очекувате во стартниот состав“.