Реми во Келн, маестрален погодок на Шаќири (видео)

641

Репрезентациите на Шкотска и Швајцарија одиграа 1:1 во 2.коло од групата А. Бод кој најмногу им одговара на Швајцарците бидејќи се со една нога во осминафиналето, додека Шкотска ќе треба во последното коло да брка триумф над Унгарија.

Натпреварот се одигра во Келн и беше возбудлив и изобилуваше со голови и шанси.

Во 13 минута поведе Шкотска. Тоа беше брз контра напад по кој Скот Мектоминеј шутираше, а Фабијан Шер неспретно ја спроведе топката зад грбот на својот голман Јан Зомер.(ГОЛОТ ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ОВДЕ)

Швајцарија изедначи во 26. минута, по грешката на шкотските дефанзивци мајсторски погоди Џердан Шаќири – погодок кој сигурно ќе биде во потесниот круг на најубави голови на ова ЕП. (ГОЛОТ ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ОВДЕ)

Шаќири има гол (ови) на шест шампионати по ред: СП 2014, ЕП 2016, СП 2018, ЕП 2020, СП 2022 и ЕП 2024.

Веднаш потоа Швајцарците имаа шанса за пресврт, но шутот на Ендоје го одбрани Ган, а истиот играч даде гол кој беше поништен поради офсајд.

Во 58 минута Ендоје се ослободи од својот чувар и беше еден на еден со голманот, но шутна покрај голот. Но и Шкотска имаше своја шанса кога Ханли ја погоди стативата.
Енболо во 82 минута постигна гол кој оправдани беше поништен порафи офсајд.
Амдули во финишот на мечот се најде во прекрасна шанса, но неговиот удар со глава заврши покрај голот.
Во оваа група Германија има шест бода, Швајцарија има четири, Шкотска еден и Унгарија е без бодови. Идното коло Швајцарија ќе игра со Германија, а Шкотска со Унгарија.

ПретходноЈасир Асани ги има најјаките копачки на ЕП!
СледноНа 15 меча веќе имаше 5 постигнати автогола