Тиквеш од утре на подготовки во Охрид, првата контрола е со Струга ТЛ!

314

Фудбалерите на Тиквеш во пресрет на настапот во 1.квалификациско коло во Лигата на Конференции, утре заминува на десетдневни подготовки во Охрид. Целта е да се избегнат петколните горештини во Кавадарци, а да се одиграат неколку пријателски средби со силни прортивници.

Веќе утре од 17:30 часот на Градскиот стадион во Струга ќе можеме да следиме меч со Струга ТЛ, тоа ќе биде свовиден Суперкуп ако се знае дека стружани беа шампиони во првенството а Тиквеш го освои Купот на Македонија.

На 22 јуни во Охрид тимот на стратегот Ѓорѓи Мојсов ќе одигра пријателски меч со Балкани (Косово), потоа на 24 јуни следува тестот со Малишева (Косово) а на 27 јуни ќе се игра со Лапи (Косово). Овие три средби се играат во Охрид.

По враќањето во Кавадарци, на 4 јули Тиквеш си закажа “генералка“ со Гостивар во пресрет на настапот на 11 јули во квалификациите во ЛК против Бреидаблик во Скопје.

ПретходноМакедонскиот првак ќе се тестира во Добој
СледноЛК-2.квалификациско коло: Познати се потенцијалните противници на нашите екипи!