УЕФА без милост кон Хрватска, Албанија мина со симболична казна

2576

Хрватскиот фудбалски сојуз (ХНС) е казнет од УЕФА поради однесувањето на навивачите на мечот со Шпанија во Берлин, во првото коло од групата Б на еврото.

“Фудбалскиот сојуз е казнет со 63.875 евра поради фрлање пластични шишиња. ХНС е казнет со 24.000 евра за палење факели. Вкупниот износ на казната е 87.875 евра. ХНС се заблагодарува и на рекордниот број навивачи кои присуствуваа и ја бодреа хрватската репрезентација фудбалска репрезентација“, соопшти федерацијата. 

Хрватска загуби од Шпанија со убедливи 3:0.

„Хрватскиот фудбалски сојуз според процедурата ќе побара образложение на одлуката, по што ќе биде донесена одлука за евентуална жалба на оваа одлука“, соопштија од ХНС.

Казна доби и Албанија, но за разлика од Хрватска, мина многу подобро. Федерацијата ќе треба да плати 37.375 евра, 10.000 евра се за пиротехника, 12.375 евра за фрлање предмети, 5.000 евра за упад на навивачите на теренот и 10.000 евра за недолични пароли.

Хрватска денеска од 15 часот го игра вториот натпревар против Албанија во Хамбург. На стартот Албанците загубија од Италијанците со 2:1.

ПретходноДенеска на ЕУРО: Стартува 2.коло од групната фаза, “коцкестите“ на дуелот со Албанија без право на кикс
СледноСтартуваше Мундијалското „лудило“ во Скопје: Македонија отвара против САД