ЛК-2.квалификациско коло: Познати се потенцијалните противници на нашите екипи!

193

Денеска во Нион се одржа ждрепката за 2.квалификациско коло во Лигата на Конференции.

Ако Струга ТЛ не успее да го елиминира Слован во 1.квалификациско коло во ЛШ, тогаш во „шампионскиот пат“ во 2.квалификациско коло во Лигата на Конференции ќе игра со поразениот од двомечот од 1.калификациско коло во ЛШ меѓу Динамо Минск (Белорусија) и Пјуник (Ерменија).

Навистина незгодни ривали за нашиот шампионат.

Тиквеш ако го мине Бреидаблик во 1.квалификациско коло во ЛК, тогаш во следната фаза ќе игра со Дрита од Косово.

И Шкендија, ако успее да ја мине првата пречка во квалификациите во ЛК, а таа се вика Ноах од Ерменија, тогаш во 2.квалификациско коло ќе ги одмери силите со екипата на Слиема од Малта.

ПретходноТиквеш од утре на подготовки во Охрид, првата контрола е со Струга ТЛ!
СледноОфицијално: Чави Пасквал е нов тренер на Веспрем!