Марко Розе најмалку до 2026 година ќе биде стратег на Лајпциг. Ова денеска на своите социјални мрежи официјално го објавија од еден од најдобрите германски клубови. Ова значи дека Розе, кој го продолжи договорот, и натаму ќе му биде тренер на нашиот Елиф Елмас.
Претходно Розе ги предводеше екипите на Ред Бул Салцбург, беше во Скопје на двомечот со Шкендија пред неколку години, потоа беше стратег и на Дортмунд, Борусија Менхенгладбах.