Стартуваше Мундијалското „лудило“ во Скопје: Македонија отвара против САД

379

Денеска и официјално стартуваше Светското јуниорско женско првенство во Скопје. РФМ е домаќин на 32 репрезентации, а ќе се одиграат 116 натпревари и тоа во три сали: „Борис Трајковски“ и двете сали во „Јане Сандански“.

На првите средби Јужна Кореја го совлада Мексико со 33-20, додека пак Унгарија беше подобра од Аргентина со 39-21.

Бранител на тронот е Норвешка, која во Словенија пред две години го освои златниот медал. Мундијалот во Скопје го отвара против Тајван, меч кој е закажан во 18 часот.

Македонската јуниорска женска репрезентација ќе игра во терминот од 20:15 часот во СЦ „Борис Трајковски“, а за противник ја има селекцијата на САД.

Вториот дуел избраничките на селекторот, Дарко Јанев го играат два дена подоцна против Исланд (18.00 часот), во третото и последно коло противник е Ангола (23.06.2024, 20.15 часот).

„На ова првенство нашата репрезентација ќе настапи во мешан состав, а тоа ќе бидат девојки од генерацијата 2004/2005, како и перспективните ракометарки од 2006/2007 генерацијата. Нѐ очекуваат низа интересни и тешки натпревари против најдобрите светски репрезентации. Ќе бидам скромен и внимателен и не сакам да ветувам ништо пред почетокот на првенството. Нашата прва цел е да ја минеме групата. Ќе одиме чекор по чекор и ќе се трудиме од натпревар во натпревар да бидеме сѐ подобри. Домашната репрезентација има проблеми со играчкиот кадар затоа што неколку играчи „Имавме пехови. На ова првенство ке ни недостасуваат и тоаа многу повредените и рековалесценти играчи Несторовска, Коловска, Дуковска, Велкова кои беа предводници на оваа генерација. На првенството нема да можам да сметам и Јанкуловска која заработи скршеница на стопалото, а неизвесна е и Радевска“, вели селкторот Јанев.

Според системот на натпреварување првите две репрезентации од секоја група одат во главната рунда, додека останатите ќе играат Президент Куп.

19 ЈУНИ 2024

ЈАНЕ САНДАНСКИ – голема

Унгарија – Аргентина 39-21

11.15. Португалија – Гвинеја

13.30 Чешка – Алжир

15.45. Шведска – Кина

18.00 Германија – Србија

20.15 Франција – Шпанија

ЈАНЕ САНДАНСКИ – мала

10.00 Швајцарија – Тунис

13.00 Египет – Чиле

16.00 Ангола – Исланд

19.00 Црна Гора – Узбекистан

БОРИС ТРАЈКОВСКИ

Ј. Кореја – Мексико 33-20

11.15 Романија – Мексико

13.30 Холандија – Иран

15.45 Данска – Јапонија

18.00 Норвешка – Тајван

20.15 Македонија – САД

ПретходноУЕФА без милост кон Хрватска, Албанија мина со симболична казна
СледноИако ќе биде стартер против Италија, Јамал дел од времето на ЕУРО го минува учејќи за завршните тестови