Џимшити: Ќе ја изнервираме Шпанија

1239

Албанија одигра 2:2 против Хрватска на вториот меч од групата Б, а капитенот на албанскиот тим Берат Џимшити зборуваше за мечот и шансите против Шпанија во последниот меч во групата.
Да бидам искрен, среќен сум поради тимот, реакцијата беше силна. На крај заслуживме реми, а не сум среќен поради начинот на кој ги примивме головите. На големите тимови со силни играчи им треба малку простор за да погодат. Тие немаа шанса за гол до 74 минута. Но тие брзи два гола… не знам што да кажам… Како дефанзивец не сум среќен поради тие голови, а на крајот моравме да притиснеме за реми“, изјави Џимшити.

Шпанија? Цел свет знае дека тие се фаворити на секој меч. Тие се фаворити за титулата. Но, мечот пред нас, имаме неколку денови, ќе се обидеме добро да се подготвиме и да ги изнервираме. Дури и со Хрватска можевме да постигнеме два-три гола, ја почитуваме Шпанија, но ќе ги пробаме да ја изненадиме.
Навивачите беа “топ“, им благодариме што секогаш не поддржуваат, не само на стадионот. Ме направија да се чувствувам горд, мило ми е и што Хисај реагираше на теренот. Има 10 години искуство, среќен сум поради него бидејќи одигра фантастичен натпревар“, изјави Џимшити.

ПретходноДалиќ: Се здробивме за тие 2:1, a потоа примивме гол и за малку трет
СледноГерманците ја победија Унгарија и се пласираа во осминафиналето