Бразилецот Витор Алберто е нов напаѓач на Тиквеш

1378

24-годишниот Бразилец Витор Алберто Алвеш Рибеиро е новото засилување за нападот на освојувачот на Купот на Македонија, екипата на Тиквеш од Кавадарци.

Кавадарчани и официјално го потврдија потписот на Витор, кому доаѓањето во Македонија ќе му бид епрво интернационално искуство. Напаѓачот досега настапувал за повеќе локални бразилски тимови, а последната сезона ја помина во екипата на Ривер АЦ.

За Тиквеш ова ќе биде одлично освежување во шпицот на нападот пред претстојните европски пресметки. Во Тиквеш во текот на денот се најавени уште две бразилски засилувања.

ПретходноКорените не се забораваат: Волкановски ја крштеваше ќерката во македонска црква (ФОТО)
СледноЈанев: Победа си е победа, повредата на Коцева ќе не натера да направиме промени