Касемиро одбил да направи трансфер во Баерн (М)

379

Искусниот бразислки играч за врска, Касемиро нема да се пресели во Баерн Минхен ова лето. Тимот од Минхен разговарал со 32-годишниот играч, но тој наводно ја однил нивната понуда.

Според изворот, Баерн првпат стапил во контакт со Касемиро по завршувањето на сезоната 2022/23, а ова лето повторно се обновени контактите.

Иако не се споменува каков договор му бил понуден, Касемиро веднаш ги прекинал преговорите. Сега германскиот клуб се насочува кон Жоао Палиња од Фулам, за кого минхенци нудат 45 милиони евра.

Касемиро не е вклучен во бразилската репрезентација за Копа Америка 2024 година и се уште е нејасно каде ќе ја продолжи кариерата.

ПретходноПријателска: Голеада во Струга, Тиквеш победи со 3:4!
СледноДанците тврд орев за Англичаните (видео)