Србија одигра 1:1 против Словенија благодарение на гол во 90+6 минута. Тоа беше меч од 2.коло од групната фаза на ЕП во Германија. По мечот селекторот на Србија, Драган Стојковиќ – Пикси имаше што да порача на јавноста.
„Србите не умираат така лесно… Не прифаќавме пораз од Словенија, верувавме до крај и резултатот дојде како награда за тоа верување. За многумина мечот беше завршен, но не и за нас. Секој бод е важен, секој резултат е важен. Тоа што е важно за мене е што направивме бројни шанси, но ниту една топка не влезе во мрежата. Не сакавме да прифатиме пораз од Словенија и успеавме да изедначиме“, изјави Пикси.
„Ако ја погледнете статистиката, ние бевме многу подобри. Тоа е стилот кој треба да го играме, офанзивен фудбал. Ни стопроцентни шанси не мора да бидат голови. Требаше да го постигнеме изедначувачкиот гол многу порано“, додаде српскиот селектор.