Шпанија моќно, Италијанците разочараа… (видео)

505

Репрезентацијата на Шпанија ја совлада Италија со 1:0 и ја запиша втората победа на вториот меч од групната фаза на ЕП и со тоа избори пласман во осминафиналето. „Фуријата“ беше многу подобра на теренот, жестоко притискаше и неколку пати го принудуваше Донарума со паради да го спасува својот гол.

Тинејџерот Ламине Јамал беше одличен, Вилијамс исто така, солиден и Фабијан Руис…
Голот падна во 55 минута кога по нафрлена топка од Вилијамс од левата страна, Калафиори ја смести топката во својот гол. (ГОЛОТ ОВДЕ)

Неколку минути подоцна можеше да биде и 2:0, а Камбијасо од гол линијата го одбрани шутот на Ле Норман. Потоа и Вилијамс се најде во убава шанса, но неговиот шут заврши во пречката.
Идното коло Шпанија ќе игра со Албанија, а Италија против Хрватска.

Standings provided by Sofascore
ПретходноФалкао по 23 години се врати во клубот од детството
СледноСтартуваше Копа Америка: Таман кога ќе помислите дека Меси е во „аут“ – следи магија (ВИДЕО)