Јанев: Победа си е победа, повредата на Коцева ќе не натера да направиме промени

100

Женската ракометна репрезентација на Македонија за играчи до 20 години, стартуваше со моќна победа над САД на светското првенство во Скопје. Селекторот на репрезентацијата, Дарко Јанев по мечот говореше и за повредата на една од најдобрите ракометарки, Бојана Коцева.

„Победа си е победа. Сега ќе мораме да се кренеме, да бараме замена за моторот на екипата. Да менуваме тактика…“, изјави Дарко Јанев по мечот.

Македонија денеска има слободен ден на шампионатот, а утре се среќава со Исланд во дуелот кој ќе решава за првото место во групата.

ПретходноБразилецот Витор Алберто е нов напаѓач на Тиквеш
СледноДенеска на Еуро 2024: Класика во Гелзенкирхен, екс-ју дерби во Минхен