Ал Итихад од Саудиска Арабија го отпушти аргентинскиот стручњак Марсело Гаљардо. Претседателот на клубот, Луау Назер изјави дека Аргентинецот направил неколку грешки, една од нив е одлуката да го исклучи Карим Бензема од првиот тим.
Назер дополни дека имаат две до три опции за тренерската функција.
Неофицијално, еден од кандидатите е Стефано Пиоли кој е слободен откако си замина од Милан.