ГРК Тиквеш се засили со Украинец кој доаѓа од АСОБАЛ лигата! (ФОТО)

82

И официјално ГРК Тиквеш од денеска е посилен за интернационалецот од Украина, Данило Осадчиј (24). Ова е четврто засилување за кавадарчани, ако се смета и новиот стратег Драган Марковиќ.May be an image of 1 person and text

Инаку Осадчиј е кружен напаѓач и последен клуб му бил Уеска од АСОБАЛ лигата. Висок е речиси два метра, 199 см и секако дека ќе биде големо засилување за составот на ГРК Тиквеш. Украинецот две сезони ќе го носи дресот на кавадаречкиот ракометен клуб.

ПретходноФИФА листа: Македонија со пад од две места!
СледноШОУ во Минхен: Србите ги “пецкаат“ Словенците – Лука Дончиќ е наш! (ВИДЕО)