Повратникот во Премиерлигата, екипата на Лестер Сити денес го потврди назначувањето на Стив Купер за нов менаџер на тимот.
Купер (44) се согласи на тригодишен договор со „лисиците“ и пристигнува на стадионот „Кинг Пауер“ за да го подготви лестер за нова тешка сезона во премиерлигашкото друштво.
Купер е менаџер со искуство во Премиер лигата по успешната работа со Нотингем Форест, кого го водеше и го етаблираше во Премиерлигата помеѓу 2021 и 2023 година.
„Задоволен сум и горд што сум назначен за тренер на Лестер Сити. Ова е фантастичен клуб со богата историја и страсни навивачи. Среќен сум што работам со таков талентиран тим и со нетрпение очекувам да ги оствариме нашите заеднички амбиции во Премиер лигата“, рече Купер.