Почнува Копа Америка 2024: Меси и Аргентина го бранат трофејот!

155

Ноќеска или утринава од 02 часот, со натпреварот Аргентина – Канада стартува 48-то издание на Копа Америка кое ќе се одржи во САД. “Гаучосите“ и овојпат ќе бидат предводени од Лео Меси кој им ги донесе титулите на последното СП и на последното издание на Копа Америка на своите Аргентинци.

Image

Од 20 јуни до 14 јули значи покрај ЕУРО 2024, ќе ги следиме и настаните на Копа Америкам, вистинско уживање на сите фудбалска фанатици.

Аргентинците го бранат трофејот и ќе атакуваат на својата 16 титула со што ќе бидат апсолутни рекордери во ова натпреварување. Засега и Аргентина и Уругвај имаат по 15 трофеи, Бразил има 9, Чиле, Парагвај и Перу имаат по две, а по еднаш прваци биле Боливија и Колумбија.Image

Секако дека тоа ќе се биде спектакл, посебно ако се знае дека сега оваа Копа Америја се “рашири“ низ двете Америки и ќе игра во САД.

ГРУПА – А: АРГЕНТИНА, КАНАДА, ЧИЛЕ, ПЕРУ

ГРУПА – Б: ЕКВАДОР, МЕКСИКО, ЈАМАЈКА, ВЕНЕЦУЕЛА

ГРУПА – Ц: УРУГВАЈ, САД, ПАНАМА, БОЛИВИЈА

ГРУПА – Д: БРАЗИЛ, КОЛУМБИЈА, ПАРАГВАЈ, КОСТАРИКАImage

ПретходноБеса се раздели со Тофилоски и Радески!
СледноСрбија во 90+6.минута се спаси од пораз, се спаси од бламажа! (ФОТО+ВИДЕО)