Скандал до скандал: Фудбалерот на Албанија Даку ги пцуеше Македонците и Србите (ВИДЕО)

3450

Скандалозно однесување на репрезентативец на Албанија по вчерашното реми 2:2 против селекцијата на Хрватска. Имено, фудбалерот на руски Рубин Казан, Мирлинд Даку се „истакна“ со примитивен националистички испад, откако зема мегафон во раката и со групата албански навивачи на трибините скандираше со  пцовки за Македонците и Србите.

За ваквото навредливо скандирање Даку најмалку што може е да биде казнет од УЕФА.

Казна за Албанија ќе има сигурно и поради навивачите кои во текот на мечот имаа националистички испади скандирајќи „Убиј, убиј, убиј го Србинот“.

 

 

ПретходноНа 15 меча веќе имаше 5 постигнати автогола
СледноСрбија бара жестоки казни за Албанија и Хрватска, подготвена е и да го напушти ЕП 2024