Словенија натурализираше уште еден Американец со кој ќе се бори за место на ЛОИ 2024

237

Словенија ќе има шанса да го засили својот кошаркарски тим кој го очекуваат олимписки квалификации за Париз со нов натурализиран кошаркар. Од денеска словенечки пасош има центарот на Макаби Тел Авив, Џош Небо.

Засега не се знае дали Небо ќе се најде во ист тим со Лука Дончиќ за претстојните олимписки квалификации на почетокот на јули, затоа што тој не беше вклучен во прелиминарниот ростер. Во тој список беше аставен досегашниот натурализиран кошаркар Мајк Тоби.

Небо може да биде вклучен во тимот на Словенија, затоа што финалните листи не се пријавени се уште. Американско-нигерискиот центар оваа година во Евролигата имаше просек од 11,2 поени и 7,1 скока.

ПретходноЈанев направи принудна замена: Ѓоргиевска на местото на повредената Коцева
СледноОчекувано: Вардар добива нов извршен директор, Борко Ристовски се повлече