Србија во 90+6.минута се спаси од пораз, се спаси од бламажа! (ФОТО+ВИДЕО)

330

Словенија – Србија 1:1 е епилогот од “Балканското дерби“ кое денеска се одигра на „Алијанц Арената“ во Минхен, во меч од 2.коло во групата – Ц на ова ЕУРО.

Стрелец на голот за Словенците беше беше Карничник во 69.минута. А Лука Јовиќ во 90+6.минута донесе 1:1.

Први се заканија Словенците уште во раната фаза од оваа средба, имаа и две убави шанси, но голманот Рајковиќ ги спаси Србите. Тоа беа одлични одбрани на српскиот голман.

Србија врати во 27. и 31.минута кога напаѓашкиот тандем на четата на селекторот Драган Стојковиќ Пикси, Митровиќ и Влаховиќ и тоа како опасно се заканија, но сега Облак беше одличен на голот. Тоа беа убави шанси за нашиот северен сосед.

Во 37.минута Елшник ја погоди стативата, на одбиената топка Шешко беше сам, но шутираше над голот. Сега Србија имаше многу среќа.

Во последните минути од првиот дел се играше со отворен гард, Митровиќ мораше и можеше да реагира подобро, но сепак на пауза се замина со тие почетни 0:0.Image

Вториот дел Србите многу подобро го отворија, се редеа шансите пред голот на Облак, но Митровиќ и Влаховиќ едноставно немаа среќа. Во тие моменти Словенците преку Пијол за малку сами ќе си даде гол, но среќа за нив што сепак не се случи тоа. За малку.

Во 58.минута Шешко одново беше во центарот на вниманието, но сега Рајковиќ со фантастична одбрана го спаси својот гол.

Тоа како да беше најава за тоа што следуваше во 69.минута кога Карничник од непосредна близина успеа да донесе водство за Словенија и еуфорија кај нивните фанови. Словенија поведе со 1:0.

Само две минути Србија можеше да дојде до егал, до 1:1, но шутот на Митровиќ ја затресе пречката на Облак. Србија играше добро, имаше шанси, но не знаеше да постигне гол.Image

Во последната фаза од мечот Србија со сите сили тргна во напад, посакуваше барем еден гол, барем да се дојде до реми, и дојде со голот на Лука Јовиќ во 90+6.минута, буквално во последните секунди од оваа средба.

ПретходноПочнува Копа Америка 2024: Меси и Аргентина го бранат трофејот!
СледноТешка победа за Македонија против Словенија!