Стојковиќ: Србинот не умира така лесно, не сакавме да прифатиме пораз од Словенија

4337

Србија одигра 1:1 против Словенија благодарение на гол во 90+6 минута. Тоа беше меч од 2.коло од групната фаза на ЕП во Германија. По мечот селекторот на Србија, Драган Стојковиќ – Пикси имаше што да порача на јавноста.
Србите не умираат така лесно… Не прифаќавме пораз од Словенија, верувавме до крај и резултатот дојде како награда за тоа верување. За многумина мечот беше завршен, но не и за нас. Секој бод е важен, секој резултат е важен. Тоа што е важно за мене е што направивме бројни шанси, но ниту една топка не влезе во мрежата. Не сакавме да прифатиме пораз од Словенија и успеавме да изедначиме“, изјави Пикси.

Ако ја погледнете статистиката, ние бевме многу подобри. Тоа е стилот кој треба да го играме, офанзивен фудбал. Ни стопроцентни шанси не мора да бидат голови. Требаше да го постигнеме изедначувачкиот гол многу порано“, додаде српскиот селектор.

ПретходноСрпски фан влета на теренот, дури четворица едвај го совладаа! (ВИДЕО)
Следно„Милинковиќ-Савиќ влезе во игра, а трча како баба“