Фалкао по 23 години се врати во клубот од детството

574

Колумбискиот напаѓач Радамел Фалкао има нов клуб. Тој се врати во татковината и потпиша за Милионариос, неговиот клуб од детството. Фалкао дебитираше во колумбискиот професионален фудбал во 1999, на 13 годишна возраст. Сега се враќа како ветеран по долги години поминати во Европа.
Фалкао играше за Ривер Плата, во 2009 година премина во Европа, прво во Порто, потоа играше за Атлетико Мадрид, па Монако, Манчестер Јунајтед, Челзи, Галатасарај, а последен клуб му беше Рајо Ваљекано.
Колумбиецот со 104 настапи за репрезентацијата доаѓа да му помогне на клубот чиј е фан и кој има 16 шампионски титули, последната им е од минатата година.

ПретходноСаутгејт: Знам дека луѓето се разочарани, мораме да бидеме подобри
СледноШпанија моќно, Италијанците разочараа… (видео)