ФИФА листа: Македонија со пад од две места!

98

Денеска ФИФА ја објави најновата ранкинг листа. На неа, очекувано Македонија забележа пад од две места, па така сега е на 71. место. Велиме очекувано ако се знае дека на последните два меча, иако пријателски, избраниците на селекторот Благоја Милевски забележаа два пораз и тоа од Хрватска и Чешка.

Инаку во ТОП – 10 селекции се Аргентина, Франција, Белгија, Бразил, Англија, Португалија, Холандија, Шпанија, Хрватска, Италија.

Следниот официјален ранкинг ФИФА ќе го објави на 18 јули, веднаш по завршувањето на СУРО 2024 и Копа Америка 2024.

ПретходноДенеска во Струга се игра “Суперкуп на Македонија“: Шампионот против освојувачот на Купот во пријателски меч!
СледноГРК Тиквеш се засили со Украинец кој доаѓа од АСОБАЛ лигата! (ФОТО)